Ние сме East Gate

Ист гејт“ (East Gate) е основана од страна на групацијата „Балфин“. Уште од своите почетоци во 1993, „Балфин“ е една од најуспешните и најважни бизнис-групации што се активни во Југоисточна Европа.

Југоисточна Европа. Инвестициското портфолио на групацијата може да се класифицира во активности за недвижности, малопродажба, управување со комерцијален и индустриски простор, телекомуникации, кредитирање, минерална индустрија, туризам, енергија и земјоделство.

„Балфин“ изгради репутација како најактивна и најиновативна групација, благодарение на успешностa во иновативните инвестиции, кои направија промени и револуција не само на пазарот, туку и во однесувањето на потрошувачите. Денес, со централа во Тирана, „Балфин“ е присутна и во Австрија, Албанија, Македонија, Дубаи, Косово, Босна и Херцеговина и во Холандија.


Земји на мапата: Австрија, Албанија, Македонија, Дубаи, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.

„Балфин“ изгради силно присуство со своите деловни субјекти во Југоисточна Европа и на меѓународните пазари, врз основа на својата амбициозна визија, комплетната посветеност кон извонредност, со својот динамичен карактер и подговтвеност за бизнисот, силната административна структура и со големото искуство низ годините.

Сите компании што се дел од групацијата „Балфин“ имаат своја приказна, како лидери во секторот во кој работат. Групацијата постојано применува иновативни и преку тоа создава успешен бизнис и пример кој треба да се следи.

Трговија

  • Нептун - синџир продавници за бела техника – во 3 земји (Албанија, Македонија, Косово)
  • Џамбо – синџир продавници за детски играчки – во 4 земји (Албанија, Босна, Црна Гора и Косово)
  • ШПАР – синџир супермаркети

Недвижности

  • City Mall – Скопје – Трговски центар
  • TEG Mall – Тирана - Трговски центар
  • QTU Mall – Тирана - Трговски центар
  • Tirana Logistics Park – Логистички Парк

Проекти

  • Вала Мар Резиденс – приморски вили во Драч, Албанија
  • Грин Коаст – приморски вили во Паљас, Албанија
  • Ролинг Хил – вили во Тирана, Албанија
  • Амбасадор 3 – резиденции за домување во Тирана, Албанија