10.03.2021 - 17:35
Премиерот Заев во посета на „Ист Гејт Мол“
Високи претставници на Владата на Република Северна Македонија, предводени од премиерот, г-дин Зоран Заев, Вицепремиер на Република Македонија, одговорен за економски прашања и координација со економските сектори, г. Фатмир Битиќи, Министер за економија, г-дин Крешник Бектеши, Министер за транспорт и патишта, г-дин Благој Бочварски, како и Градоначалникот на општина Гази Баба, го посетија денеска градилиштето […]

Високи претставници на Владата на Република Северна Македонија, предводени од премиерот, г-дин Зоран Заев, Вицепремиер на Република Македонија, одговорен за економски прашања и координација со економските сектори, г. Фатмир Битиќи, Министер за економија, г-дин Крешник Бектеши, Министер за транспорт и патишта, г-дин Благој Бочварски, како и Градоначалникот на општина Гази Баба, го посетија денеска градилиштето на трговскиот центар Ист Гејт.

Домаќин на високите претставници на Владата беше г. Самир Мане, претседател на Балфин Групацијата и акционер на Скопје Ист Гејт, г-дин Арсим Папранику, член на Управниот одбор, како и Извршниот директор, г-дин Игор Давков, кој објасни за напредокот во градежниот процес и кој информираше за структурата, големината, закупците и активностите.

Премиерот, г-дин Заев, изрази задоволство да биде еден од првите посетители во Ист Гејт Мол, најмодерниот трговски центар на Балканот, кој привлече значајни имиња на брендови од целиот свет. Бидејќи е најголем во регионот по својата бруто површина за изадавње и мешавина на активности, трговскиот центар покрај редовните купувачи ќе привлече многу странски посетители и патници во транзит.

,,Горди сме што Ист Гејт Мол носи реномирани брендови во нашата земја: 250 локални и меѓународни трговски марки. Тоа значи нови работни места кои се совпаѓаат со нашите напори да создадеме поволна работна атмосфера за добро платена работна сила и привлекување нови инвестиции. Градежната индустрија развива 70 активности и значително придонесува за БДП и создавање нови работни места “. – наведува премиерот Заев.

Извршниот директор на Скопје Ист Гејт изјави: ,, Ист Гејт Мол е трговски центар од новата генерација кој развива бруто површина од 160.000м2 и ќе се простира на 5 нивоа и ќе располага со 57.000м2 вкупна површина за изнајмување. Со објект од вакви димензии, Скопје добива најголем мол во регионот кој ќе биде новото место за излегување, забавување и шопинг. Припаѓа на таканаречените “центри-дестинација” заради тоа што нуди повеќе содржини на едно место: широк избор на мода и уникатни брендови, услуги, игротека, 8 кино сали, 7 фини ресторани, оддел за брза храна со 800 места, хипер маркет, салони за мебел и бела техника, и ќе биде единствен мол со опкружување од зелени паркови кои чинат површина од 12,000м2. Воедно со проектот се развиваат инфраструктурни добра како нови улици, нови приоди кон автопатот, осветлување, зелени појаси и паркови. Вкупната инвестиција на Скопје Ист Гејт е 350 милиони евра, а вкупната инвестиција на Ист Гејт Мол изнесува само 103 милиони евра“.




Јавете ни се:
+389 (2) 5514 283