Living | Skopje East Gate

ПОЧНЕТЕНОВ СТИЛ НА ЖИВЕЕЊЕ

интерактивна мапа

Повеќе од нов дом

Замислете утра опкружени со раскошно зеленило, да имате се што посакувате на само чекор од вас и да бидете дел од новиот урбан ритам на градот.

Да се биде дел од East Gate Living е повеќе од купување нов дом, бидејќи станувате дел од визијата за Skopje East Gate која подразбира нов стил на модерно живеење.

672

станбени единици

25.000 m2

зелена површина

20

типа на уникатни станови

50 m

растојание меѓу згради

Интерактивна мапа

Погледнете го широкиот избор на станови и одберете го вашиот новиот дом.

Почни
ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ

Почнувајќи од становите со просторни зелени градини, па сè до oтворените површини на каскадните тераси разиграни по спратовите на секоја зграда, нема поглед што не е збогатен со зеленило.

Оддалеченоста меѓу зградите од 50 m дава совршена можност за уживање во зелените површини каде што станарите и посетителите ќе може да се релаксираат на кратка прошетка, а секој родител да ужива гледајќи ги своите деца како слободно си играат на детските игралишта на отворено, веднаш пред својот дом.

УНИКАТНИ СТАНОВИ

Покрај становите со идеално обмислени просторни решенија кои почнуваат од 42 m2 меѓу кои може да изберете дом со една до три спални соби, East Gate Living нуди избор на уникатни станови кои достигнуваат и до 210 m2. Почнувајќи од становите на приземје со пространи тераси и зелени површини, па сè до становите со големи тераси кои се поставени на сите каскадни спратови, како и уникатните дуплекси, во East Gate Living ќе најдете богат избор на уникатни станови.

СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ

Почнувајќи од првокласните материјали за под, плочки и санитарија, па сè до изборот на материјали за топлотна и звучна изолација, можете да бидете сигурни дека вашиот дом ги следи високите стандарди за квалитет и А+ енергетска ефикасност. Секој стан ќе биде опремен со Smart Home системи кои го следат вашиот ритам на модерно живеење, а со мулти-сплит системот за климатизацијата за ладење и греење ќе имате контрола врз температурата во секоја просторија за комплетна удобност.

НА САМО ЧЕКОР ОД ВАШИОТ ДОМ

Дел од практичниот аспект да се биде дел од East Gate Living e да не мора да се грижите каде да најдете сè што ви е потребно за домот, за себе или за најблиските. Веднаш до вашиот дом имате на располагање широк асортиман на продавници од најразлични категории, како и голем супермаркет, салон за убавина, фитнес центар, салон за домашно уредување и продавница со секаков тип електроника и бела техника, како и голем број услужни дејности на ваше располагање во секое време (банки, пошта, и сл.)

СОВРШЕНА ЛОКАЦИЈА

Лоциран на само 5 минути од центарот на градот, Еast gate Living има одлична поврзаност. Близината на булеварот „Александар Македонски“, ви нуди директна поврзаност до меѓународниот автопат Е-75 и Е-76 преку М4, со што ги избегнувате сите сообраќајни метежи кога одите на пат или се враќате дома во Скопје. А доколку планирате да патувате со авион, меѓународниот аеродром ви е на само 15 мин оддалеченост со автомобил.

Контактирајте нѐ

За сите информации поврзани со понудата на станови, достапност и процесот на продажба, ве молиме пополнете го формуларот подолу и нашите агенти за продажба ќе ве контактираат во најбрзо време.

    Дали веќе имате некоја зграда во план?

    Јавете ни се:

    +389 (2) 5514 283