За нас | Skopje East Gate

Групацијата Балфин, која стои зад проектот Skopje East Gate, е една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот која веќе има воспоставено своја сопствена репутација како најактивна и најиновативна групација. Благодарение на успешните инвестициски идеи, проектите на Групацијата Балфин имаат цел не само да го трансформираат и револуционизираат пазарот, да создадат нови работни места и да привлечат странски и домашни инвестиции, туку, исто така, и позитивно да влијаат врз социо-економскиот развој на локалната заедница носејќи нова енергија, разноликост и можности за напредок.

Со амбициозна визија, колективна заложба за квалитет, динамичен и чесен бизнис пристап, силна финансиска и административна структура и огромно долгогодишно искуство стекнато низ годините на инвестирање и раст, Групацијата Балфин има изградено многу силно присуство во Албанија како и на меѓународните пазари. Денес, Групацијата Балфин, со седиште во Тирана, е присутна со своите активности и надвор од границите на Албанија, во Австрија, Македонија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и во Холандија.

"„Skopje East Gate е најголемата приватна инвестиција во Македонија, која ќе создаде големи деловни можности, ќе гарантира вработување, ќе ја зајакне трговијата, ќе привлече глобални фирми и ќе понуди нов пристап кон градскиот живот.“"

Самир Мане

Претседател на Групацијата Балфин

Јавете ни сѐ:

+389 (2) 5514 283