28.03.2021 - 11:26
East Gate Creators – Климент Малески
Разговараме со Климент Малески – менаџер и координатор на проектот Скопје Ист Гејт.
Со повеќе од 20 години меѓународно искуство во областа на градежништвото, Климент Малески е дел од инженерскиот тим на Скопје Ист Гејт. Во неговото портфолио, покрај проектите во Македонија како Сити Мол, Хотел Бест Вестерн, Хотел Холидеј Ин, Хотел Фламинго и Амбасадата на Англија, се вбројуваат комплексни и маркантни објекти како Smart Hights Tower, Sidra Fraiser Hotel and Suits Tower; Badrah Vilage од Water Front во Дубаи, како и Shemoukh Towers; Lusail RESG Tower; Lengham 5 во Катар.
„По 20 години работа на инженерски проекти и повеќе висококатници на Блискиот исток, мојата работа ме враќа во Скопје да го применам сето мое знаење во проектот Скопје Ист Гејт“ со цел тој да стане реалност и кој го градиме по највисоките критериуми за квалитет во градба.
ЈАС СУМ дел од тимот кој го гради најимпозантниот проект во Македонија во моментов. Ангажиран сум како проектен менаџер и координатор на инженерскиот тим. Предизвикот го прифатив со посебно задоволство и заради инвеститорите за кои претходно работев.
Мојот ангажман севкупно ги покрива и заокружува како градежно архитектонските дисциплини, така и трите фази: електрика (јака слаба струја), водовод, машинство, вклучувајќи ги пратечките плински и топлификациски системи. Секојдневни активно координираме процеси на објект сo изградена површина од 160.000м2, кои на крајот мора да резултираат со совршена усогласеност и функционалност. Олеснителна околност во сето тоа е што работам со тим од одлични инженери, целосно посветени на предизвиците, кои секојдневно несебично и безусловно ме пратат и подржуваат во мојата работа.
ОВОЈ ОБЈЕКТ Е ПОСЕБЕН поради исклучителната комплексност и неговите димензии, кои се голем предизвик за секој инженер во градежништвото. Го градиме со позитивна енергија и посветеност за секој негов детал. Нашето мото е ,,Тhe road to success is always under construction” односно дека успехот е континуирана работа.
ДОБРО координирана работа значи пред сè тимска игра. Инженерството не е за индивидуалци. Потребна е голема посветеност и фокусираност, како на инженерскиот тим, така и на ангажираните изведувачи со нивната спремност и екипираност. Имено, на овој проект се инволвирани повеќе од 10штина водечки изведувачи so приближно 600 директни изведувачи, бројки кои во периодот што претстои сè повеќе растат. И секако, покрај сето планирање и детална анализа, самото искуство и знаење играат голема улога.
Сето тоа понекогаш ме асоцира на стилот на креирање на Никола Тесла и неговите изуми за кои не правел цртежи и не правел макети, туку во главата креирал цртеж, по него мисловно го создавал уредот, го тестирал и го пуштал да работи. Во 20 години работа, резултатите на мисловните испитувања и испитувањата во лабораторија секогаш давале исти резултати. Таа пракса ја имаме во инженерскиот тим, а ја здобивме преку динамиката на работата и искуството.
УСПЕШНА РЕАЛИЗАЦИЈА на проект е балансот меѓу време, квалитет, прецизна координација и навремено планирање.
МОЈА ИНСПИРАЦИЈА е мојот татко инженер od Гранит – Високоградба , по чии стапки и тргнав. Учев според принципите на кој тој ме научи од мали нозе, дека научниците сонуваат за големи нешта, а инженерите ги прават.
МОЈАТА ПОРАКА е работете од срце и не заборавајте да уживате во работењето!
Јавете ни се:
+389 (2) 5514 283