08.04.2021 - 15:48
East Gate Creators – Виолета Шестаков
Разговараме со Виолета Шестаков – Главен машински инженер во Скопје Ист Гејт чија специјалност се дел од најризичните инсталации (греење, ладење, климатизација, вентилација и спринклер системот), вклучувајќи и техничка поддршка на тимот за координација на закупците.

МОЈОТ ДЕН НА РАБОТА Доаѓам со полна енергија на работа. Самиот обем на активности е застрашувачки голем, но за мене предизвик кој го прифатив со задоволство. Моја одговорност е објектот да има одлична климатизација, вентилација и свеж воздух, за закупците и посетителите да се чувствуваат комфорно во секоја сезона и секако најголемата одговорност е да се обезбеди превенција и заштита од пожар. Поради самата обемност и зависност на активностите едни од други, во блиска секојдневна соработка сум со надзорните инженери и изведувачи како и сите останатите фази и дисциплини.

МОЈАТА РАБОТА се базира на планирање, координација, проверки на техничка документација, инспекции на материјали, теренски контроли, преглед на цртежи и компарација на истите со изведена состојба, притоа обрнувајќи внимание на квалитетот и начинот на изведба.

МОЈАТА ПОЗИЦИЈА бара огромен фокус и внимателност при извршување на работните задачи, со посебено нагасување на проверките и инспекциите кои ги правам во неколку наврати, што е клучно за добро инсталиран и функционален систем. Дневно сум во координација со од 8 до 88 луѓе. Во зависност од потребата на работните задачи, најпрвин се прилагодувам и фокусирам на задачата со најголем приоритет. Сѐ е многу динамично и бара стопроцентна концентрација и присутност секаде. За мене нема проблеми, има само секојдневие и предизвици во тоа секојдневие.
СО МЕНЕ НОСАМ 4 годишно професионално искуство како машински инженер во изведба. Се усовршував учествувајќи во врвни проекти како Џевахир Скај Сити, обуки во Турција во академијата на Арчелик- Беко, активна партиципација и учество при изведба на HVAC ситемите во Романија, во рамки на проектот Artic Diamond Washing Machine Factory, за сега да се најдам на најпрестижниот проект во регионот – ИСТ ГЕЈТ МОЛ.
НАЈГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК ВО РАБОТАТА претставува докажувањето, најпрвин пред самиот себе а потоа и пред сите останати колеги, професионалци, инженери како и менаџерскиот тим, дека соодветно можеш да го сносиш товарот на одговорноста што ти е доделена. Да се работи на Ист Гејт Мол е најголемата чест за еден инженер, привилегија и огромна одговорност.
ЗА МЕНЕ ИСТ ГЕЈТ МОЛ е новиот центар на градот! Најголем урбан шопинг мол дизајниран по највисоки стандарди. Ново позитивно искуство, различно од досегашните. Среќна сум што сум дел од стручниот и врвен тим на професионалци од кои учам секој ден, и интензивно напредувам и се надоградувам.
МЕ ВООДУШЕВУВА тоа што оваа компанија и инвеститорите даваат еднакви можности за сите, за личен, општествен и професионален развој иако инженерството е типично за “посилниот” пол. Со ваков пристап се постигнува целта, да бидеме подобро општество со еднакви можности.


Јавете ни се:
+389 (2) 5514 283