19.04.2021 - 11:07
THE ATHLETE’S FOOT ВЛЕГУВА ВО МАКЕДОНИЈА, ТОКМУ ВО EAST GATE MALL
СПОРТ М го најавува отворањето на новите брендови во Ист Гејт Мол: Аdidas, Intersport и The Athlete's Foot.
Ивана Илиоска од СПОРТ М официјално ги предаде нацртите за трите продавници на лизинг тимот на Ист Гејт Мол и изјави дека ,,Спортскиот оддел во Ист Гејт Мол ќе биде импресивен и ќе биде омилено место за шопинг, забава и разонода за сите посетители. Ист Гејт Мол е вистинско место за нашите три нови продавници кои ќе бидат уредени според најсовремен идеен концепт кој ќе се изведува во претстојните 5 месеци”.
THE ATHLETE’S FOOT доаѓа за прв пат во Македонија преку Ист Гејт Мол и ќе претставува големо освежување за љубителите на спортот. Светски реномираниот The ATHLETE”S FOOT припаѓа на групацијата Интерспорт и нуди различни спортски брендови, чии модели се ретки, во лимитирани колекции и неможат да се најдат во вообичаените излози. Анатомски линии, врвен дизајн, како и иновативни парчиња промовирани од најдобрите имиња во спортот, се главните конкурентски предности на The ATHLETE’S FOOT.
Adidas е дедицирана монобренд продавница која се простира на 360м2 и ќе биде новиот дом на последните автентични колекции на Adidas.
Најголемиот Интерспорт се отвора за прв пат во рамки на трговски центар во Македонија на површина од 1100м2 како мултибренд продавница која нуди огромна палета на производи за секој спорт и присуство на голем број истакнати брендови во сите категории.
Наташа Апостолов, Лизинг Менаџер изјави дека: ,,Спортскиот оддел во Ист Гејт Мол се простира на површина од 3600 м2, со што преставува најголема спортска понуда во регионот. СПОРТ М носи атрактивни трговски марки кои љубителите на спортот ги очекуваат со големо задоволство.
Јавете ни се:
+389 (2) 5514 283