10.06.2021 - 13:50
East Gate Creators – Емил Пејоски
"Ист Гејт е одлична промена на урбаното ткиво за овој дел на градот. Исполнување на просторот кој долг период беше недостапен и неконтактибилен. Сега исполнет со објект од најразлични функции ќе претставува магнет, цел на движење како на околината така и на целиот град и пошироко."
Која е твојата функција во Ист Гејт?
Мојата функција како Архитект – координатор на закупци е да ја координирам работата при дизајнот и изведбата на продавниците на Закупците со изведбата на самиот трговски центар како целина. Секако, се јавуваат различни проблеми и тешкотии но во соработка со тимовите на Закупецот ги решаваме заеднички и гледаме да се остварат зададените датуми и цели. Дел од Закупците за кои сум задолжен се големи светски брендови кои за прв пат настапуваат на нашиот пазар и се нов предизвик за трговскиот центар.
Кое е твоето досегашно искуство и кој е твојот придонес во создавањето на Ист Гејт ?
Професијата ми е Архитект со завршени магистерски студии на Архитектонскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Почетокот на кариерата ми беше во филмската индустрија како Сценограф, но потоа се вратив на мојата избрана професија како архитект во Градежно проектантска фирма каде што во текот на 11 години имам акумулирано знаење од проектирање и изведба на објекти од најразлична глемина, карактер и значење, кое го имам применето на државни објекти како здраствени, административни и образоввни. Различните искуства при контактот со секаков вид на објекти и проаѓајќи го целиот процес од проектирање до изведба на објектите ми помогна да се оформам како професионалец во струката.
Kако се најдовте во оваа професија?
Во оваа професија како Архитект – Координатор за закупци се најдов некако спонтано исто како што ми започна и кариерата со друга професија различна од Архитектурата. Можеби затоа што сакам предизвици и неистражени области и затоа често пробувам да видам како ќе испаднат работите ако го решаваш проблемот од друг несекојдневен агол.
Како изгледа еден твој ден на работа?
Исполнет, динамичен и интересен. Започнувајќи го денот со чаша чај и проверувајќи ја електронската пошта, брзо преминувам во решавање на дизајн проблеми како во канцеларија така и на самиот објект. Самиот трговски центар е доста голем објект и е предизвик сам по себе, и затоа во неговата реализација се вклучени голем број на професионалци колеги со кои го споделуваме работното време и заеднички ги решаваме предизвиците. Исто така преку целиот ден имаме контакти и со личности од професијата и надвор од неа кои се дел од тимовите на Закупците како од државата така и од странство. Во овој период кога закупците ги преземаат продавниците станува се подинамично и големината на комуникација со луѓето вклучени во процесот се дуплира.
Што претставува за тебе Ист Гејт?
Одлична промена на урбаното ткиво за овој дел на градот. Исполнување на просторот кој долг период беше недостапен и неконтактибилен и сега исполнет со објект од најразлични функции кој ќе претставува магнет, цел на движење како на околината така и на целиот град и пошироко.
Ист Гејт и Скопје?
Започната игра која нема никогаш да заврши.
Моја инспирација се луѓето околу мене во приватниот и професионалниот живот кои ме оформуваат како човек.
Моето мото е сите препреки и тешкотии во животот можат да се поминат само со тимска игра како во професионалниот така и во приватниот живот.
Ништо не е тешко кога не се откажуваш, наоѓаш други решенија и секогаш го правиш тоа со љубов.
Најинтересната случка за време на работа?
Секогаш кога си помислил дека од последната случка не е можно да има поинтересна, дознаваш дека си погрешил.
Јавете ни се:
+389 (2) 5514 283