East Gate Creators - Александар Тасевски | Skopje East Gate
27.05.2021 - 08:50

East Gate Creators – Александар Тасевски

МОЈАТА ФУНКЦИЈА во Ист Гејт е да ги координирам работите кои ги изведуваат закупците со работите кои ги изведува трговскиот центар, со цел да се избегнат сите потенцијални проблематични ситуации и работите да се завршат во предвидениот рок. Дел сум од тимот на координатори кој заедно со мене брои вкупно 5 архитекти. Задолжен сум за […]

МОЈАТА ФУНКЦИЈА во Ист Гејт е да ги координирам работите кои ги изведуваат закупците со работите кои ги изведува трговскиот центар, со цел да се избегнат сите потенцијални проблематични ситуации и работите да се завршат во предвидениот рок. Дел сум од тимот на координатори кој заедно со мене брои вкупно 5 архитекти. Задолжен сум за координирање на големи закупци кои со своите брендови се веќе докажани во светски и домашни рамки.

МОЕТО ИСКУСТВО се основа на повеќе од 12 години работа во градежната индустрија. По професија сум архитект. Дипломирав на Архитектонскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, каде во 2016 ги завршив и магистерските студии. Девет години посветив работејќи во една од светски најпознатите градежни фирми која е активна во голем број земји во Европа и пошироко. Работејќи таму имав прилика да учествувам на проекти кои се од огромно значење за мене како професионалец од причина што кај нас во Македонија, а општо и во светски рамки, поради својата специфична намена, ретко се изведуваат. Како дел од тамошниот тим, добив шанса и да учествувам на интернационални проекти каде ги проширив и продлабочив своите искуства. Соработката која ја остварив во текот на тој период, со докажани професионалци од различни области, има голем удел во мојот развој како професионалец.

МОЈОТ ПРИДОНЕС во Ист Гејт е преку тимската координацијата на активностите на повеќе од 200 закупци, кои имаат свој инпут во комплетирање на оваа голема сложувалка.

ПРОФЕСИЈАТА КООРДИНАТОР НА ЗАКУПЦИ некако се наметна самата. Во периодот кога заминував од претходната фирма Ист Гејт го земаше својот замав и имав во себе одредено претчувство дека патот ќе ме однесе токму таму. Така и се случи. Се отвори позиција во тимот за координација и аплицирав. После неколку интервјуа истата ми беше доделена мене и еве веќе цела година ми е главна работна преокупација.

ЕДЕН МОЈ ДЕН НА РАБОТА Нормално, утрото ми почнува со кафе. Низ годините се навикнав на тој вкус и сега некако со нетрпение го дочекувам тој дел од денот. Инаку стандардната утринска процедура ми е проверката на инбоксот.  Комуницирам со голем број луѓе и поради тоа секој ден ми е различен. Како и со кој интензитет ќе тргне да се развива понатаму зависи токму од оваа комуникација.  

Изминатиов период најголемиот дел од работните часови го поминував во канцеларија, фокусиран на координирање на дизајн фазата, а во периодот што следи, до отварањето, објектот ќе ми биде главно престојувалиште каде ќе ја координирам fit-out фазата.

Разговараме со Александар Тасевски - Тенант координатор во East Gate Mall.

ЗА МЕНЕ ИСТ ГЕЈТ ПРЕТСТАВУВА место со голема гравитациска моќ. Гледано во историски контекст ова не е нешто ново за оваа локација и нешто што се јавува за прв пат, но е секако различно. За разлика од претходно, оваа моќ што почнува да ја манифестира Ист Гејт ќе биде со мали осцилации и ќе нуди поголем континуитет и секако поразлично доживување на просторот кој ќе биде комплетно истретиран и достапен.

ИСТ ГЕЈТ И СКОПЈЕ? Ист Гејт го пополни во Скопје она што времето и новите технологии го оставија празно. Има многу такви места во градот кој го чекаат својот момент. Ист Гејт ја искористи својата шанса и полека но сигурно прераснува во место кое ќе биде двигател на промените во овој дел од градот.

МОЈА ИНСПИРАЦИЈА е желбата да ги проучувам суштински работите, до нивните најосновни елементи, и секако насмевките на луѓето кои ги сакам.

МОЕТО МОТО е ако нешто работиш, подобро сработи го како што треба отколку да се рече дека е сработено.

НИШТО НЕ Е ТЕШКО КОГА знаеш што сакаш и си упорен.

НАЈИНТЕРЕСНА СЛУЧКА ЗА ВРЕМЕ НА РАБОТА? Сè уште ја очекувам.

Јавете ни се:

+389 (2) 5514 283