19.07.2021 - 12:53
East Gate Creators – Кристина Богеска
Ентериерот има толку многу изненадувачки детали, скриени богатства, карактеристични детали со дискретен шарм, воодушевувачки пораки и впечатливи моменти и ќе биде на една тесна корелација помеѓу посетителите и самиот центар, која досега не е видена и искусена во архитектурата.
МОЈАТА ФУНКЦИЈА во Еаст Гате e архитект во секторот за стратешки набавки, во кој асистирам на одговорниот Директор, во архитектонските нацрти за детални пресметки во целокупната материјализација. Оваа позиција налага големи одговорности посебно во дефинирање на тендерски налози, комплетирање и следење на тендерски набавки, како и избор и контрактирање на изведувачи. Во рамки на овој сектор, дополнително вршам и фукција на координатор на клучна фаза ентериер за уредување на 5те ката на центарот заедно со тим на искусни архитекти.
МОЈОТ РАБОТЕН ДЕН ЗАПОЧНУВА со организација на денот според приоритетни активности, која потоа се дели на проектен менаџмент, мониторинг и комуникација. Делот на комуникација е најголем и најинтензивен, било преку е-маил или директна комуникација со инволвираните инженери и изведувачи. Комуникацијата е клучна за мојата работа, за сè да се одвива непречено.
МОЕТО ДОСЕГАШНО ИСКУСТВО во најголем дел е сконцентрирано во градежништвото. По професија сум магистер архитект инженер. Во голем дел сум работела во проектирање, меѓутоа повеќе сум учествувала во проекти во изградба. За мене тоа претставува поголем и посложен предизвик. Сум имала можност да работам на повеќе станбени објекти во изградба, но прв пат учествувам во изградба на јавен објект и тоа на најпрестижниот повеќенаменски комплекс во нашата земја ,,Скопје Ист Гејт” каде што се фокусирам на првенецот ,,Ист Гејт Мол” на кој интензивно работиме на последните финеси.
Кои операции ги покривам и која е нивната комплексност? Во секторот за набавки започнав да ги следам предмерите и ставките кои треба да се тендерираат. При комуникација со изведувачите кои учествуваа во тендерирањето и нивен вовед во работата позицијата како координатор на ентериер некако си се наметна сама по себе. По тендерирањето комуникацијата со самите изведувачи продолжува во разработка на нивните цртежи, одбирање на соодветни материјали , комуникација со останатите фази за да ги усогласиме деталите. Ентериерот е мошне внимателно и детално разработен, и сè во него има значење за тоа зошто е поставен и на кој начин. Ентериерот има толку многу изненадувачки детали, скриени богатства, карактеристични детали со дискретен шарм, воодушевувачки пораки и впечатливи моменти и ќе биде на една тесна корелација помеѓу посетителите и самиот центар, која досега не е видена и искусена во архитектурата.
МОЈА ИНСПИРАЦИЈА се сите искусни професионалци околу мене секој ден, со кои ги делам предизвиците и успесите, и кои импонираат со своето знаење и експертиза.
EAST GATE MALL ЗА МЕНЕ ПРЕТСТАВУВА едно уникатно и огромно животно искуство. Мојот најголем предизвик. Чест ми е што сум дел од овој проект и што имам можност да учам од тим на најдобрите и најискусните инженери. Ист Гејт има способност да го извлече најдоброто од сите и секој ден да се бори да се постигне сè повеќе.
ИСТ ГЕЈТ И СКОПЈЕ. Ист Гејт е нешто што му недостасуваше на Скопје. Една целина со повеќенаменска структура во која се интерполирани различни области почнувајќи од урбанизамот, архитектурата во која се инкорпорирани уметноста, културата, филозофијата пропратени со сите елементи на современото модерно живеење.
МOETO MOTO е ,,Верувај во чуда”! Дури и кога мислиш дека е невозможно, верувај во она што за тебе претставува ,,ЦЕЛ”!
МОЕТО ХОБИ е возење велосипед и планинарење. Уживам да освојувам нови врвови и да црпам сила и инспирација од природата.
Јавете ни се:
+389 (2) 5514 283