23.04.2021 - 13:02
East Gate Creators – Елена Мановска
Разговараме со Елена Мановска - лизинг асистент во тимот на East Gate Mall.
МОЈАТА ФУНКЦИЈА е Асистент за лизинг за трговскиот центар East Gate Mall. Накратко, цело администрирање на закупците поврзано со нивните договори и идејни проекти, поминува низ мојата тастатура преку e-mail комуникација, како и секојдневен контакт со нашите клиенти во East Gate Mall со кои што заедно, со нетрпение, го очекуваме отворањето на молот. Тука се и aрхитектите, (нашите тенант кординатори), мои драги колеги, кои ја имаат најодговорната улога во оваа прекрасна приказна.
Кое е моето досегашно искуство и кој е мојот придонес во создавањето на Ист Гејт ?
МОЕТО ДОСЕГАШНО ИСКУСТВО започнува со првите професионални чекори кои ги направив во Он.нет, кој слободно можам да го наречам мојот втор дом, во кој останав цели 10 години. Таму го стекнав моето најголемо професионално искуство. Одредени животни патеки, ме насочија кон други индустрии во кои се вложив целосно, научив многу, а посебно ќе го издвојам Бритиш Американ Тобако, една од најголемите компании на светско ниво, во којашто беше привилегија и чест да се работи со извонредниот тим. Целото мое изминато искуство, несебично, со голема љубов и ентузијазам го применувам и во East Gate Mal. Навистина преставува големо професионално и лично задоволство да се работи во оваа компнија, дел од Балфин Групацијата, која ги стимулира своите вработени и го цени знаењето и вложениот труд.
ОМИЛЕН БРЕНД – иако сите закупци ми се подеднакво драги и сите заедно го прават молот едно незаборавно искуство, доколку веќе морам да издвојам некој, тоа би биле LPP со нивниот бренд Reserved.
ОМИЛЕН ДЕЛ ОД EAST GATE MALL – настрана од сите продавници, услуги и кафетерии, засега најомилен ми е лаунџ делот, “чинијата”, којшто го прима најубавото скопско сонце низ стаклениот покрив. Таму, со часови би ја уживала светлината, со добро кафе и одлична книга.
ШТО ПРЕТСТАВУВА ЗА МЕНЕ EAST GATE MALL – Бев во Виена, сосема случајно во еден од најголемите трговски центри, кога го примив повикот од East Gate Mall. Од тој ден, од тој момент, некако потсвесно знаев дека ќе бидам дел од најубавиот проект кој некогаш му се случил на овој град, а од друга страна, длабоко во себе врискав од среќа дека ете, конечно го работам тоа што отсекогаш потајно сум го посакувала и ме исполнува целосно. EAST GATE MALL, за моја огромна среќа е мојата животна професионална определба. И ќе ја уживам во молот, во кој ќе има буквално сé. Мода, козметика, електроника, храна и останати услуги споени во грандиозно здание.
EAST GATE И СКОПЈЕ Е лонче и капаче. Нешто што совршено ќе се вклопи со скопската енергија, ќе го украси Скопје, ќе го направи повозбудливо и ќе им пружи многу задоволства на скопјани и на сите останати посетители од регионот.
МОЕТО МОТО Е секогаш верувај во себе.
Јавете ни се:
+389 (2) 5514 283