20.04.2021 - 11:34
East Gate Creators – Сара Ибрахим
Разговараме со Сара Ибрахим – помлад инженер асистент во Скопје Ист Гејт.
East Gate Mall е моето прво работно искуство. Кога бев на интервју воопшто не бев свесна каде се наоѓам и за каков “џиновски” проект станува збор. Дипломирав на Машинскиот факултет во Скопје, на многу интересен смер, но апсолутно неповрзан со тоа што тука го работам, Индустирско инженерство и менаџмент.
Нема машка и женска работа. Некои жени денес се сто пати поголеми мажи од мажите. Ние сме пример за тие жени, на чело со Десанка Перлаш!
МОЈАТА ФУНКЦИЈА е организирање на целата документација, односно контрола на сите документи во електронска форма и во копија, која пристига од страна на сите изведувачи кои работат за нас и заедно со нас ја градат целата конструкција. Пуштање во работа на системот и подготовка на документација пред да се претвори во одредена операција, давање одредени упатства на работниците на градилиште, корелација со другите инженери за соодветни процеси, проверување на цртежи во AutoCAD, помагање при следење и следење на системите на терен, инспекција на снабдениот потребен материјал за изградба на машинскиот дел (HVAC & Sprinkler System) на градилиште. Исто така и обезбедување на потребните материјали за ефикасно работење во тек на градилиштето. На кратко, асистирам на главниот проектен менаџер, Климент Малески, и на главниот машински инженер, Виолета Шестаков.
МОЈОТ ДЕН НА РАБОТА изгледа хаотично-организиран 🙂 Доаѓам на работа и прво нешто што правам е, пијам вода, затоа што кога ќе почнам со работа, заборавам да се напијам. Делам канцеларија со нашиот проектен менаџер, а тоа секако е огромна предност, но во исто време е и доста стресно бидејќи сите ситуации и проблеми се решаваат тука. Почнувам со работата која е морална да ја завршам секој ден, но пропратно доаѓаат и други “task-ови”, што би рекле во 5 за 12 и сите се итни, сè е итно и сè е за истиот ден. Тоа ме информираше Климент кога почнав да работам. Ќе има стрес, и истиот ќе се зголемува обратнопропорционално, односно со намалување на деновите до отварање на mall-от. Се справувам одлично со оглед на тоа што прв пат работам на ваков објект. Како што кажав погоре, успешно и организирано “се борам со хаосот” кој настанува во текот на целиот ден.
СО КОЛКУ ЛУЃЕ СУМ BО ДНЕВНА КОМУНИКАЦИЈА? Со толку многу што не сум ни помислила никогаш да ги избројам. Со 100, 200, 300… Не знам, нека остане тајна 🙂 Единствено нешто што го знам како точна бројка е тоа што дневно во просек добивам 100, 120 мејла и сигурно околу 30-тина телефонски повици.најголем предизвик во работата?
НАЈГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК во работата е тоа што сум најмлад член во тимот и покрај административната работа која ја работам, паралелно пробувам да научам и колку можам да навлезам во мојата струка, машинството. Исто така, што прифаќам да работам се, буквално сè, од финансии, до инженерство.
НА ПОЧЕТОКОТ ми беше доста тешко, бидејќи не бев запознаена апсолутно со ништо, а тимот допрва требаше да се формира. Бевме мал број на луѓе и единствена поддршка ми беше проектниот менаџер, Климент Малески, и нормално колку што можеше и располагаше со време ми укажуваше и учеше како да постапам и што да направам во одредени ситуации, како да ја сработам соодветната работа најлесно и слично. Со тек на време кога навлегов во работата и кога влезе во тимот и нашиот машински инженер, Виолета Шестаков, почнав подетално да навлегувам во тоа што го работи и таа. Сега е некако сè полесно и евидентна е разликата од почетокот и сега, а тука сум скоро неполна година.Ист Геј Мол за тебе?
EAST GATE MALL ЗА МЕНЕ ПРЕТСТАВУВА еден огромен “ЏИН”, кој ме научи како пред сè да се снајдам во обемната работа, да бидам многу поорганизирана од тоа што бев, одговорна за ситуациите со кои се справувам секојдневно и нормално нешто што за мене е еден голем отскок во кариерата понатаму. Секако, станува збор за еден од најголемите моменти кои се имаат случено на Балканот и едно убаво освежување за Скопје. А најдобро од сè е тоа што не мора да одам до City Mall, бидејќи сум од Аеродром и сега ќе имам mall на 20 минути од мене!
Јавете ни се:
+389 (2) 5514 283