East Gate Creators - Викторија Баракова | Skopje East Gate
04.08.2021 - 11:21

East Gate Creators – Викторија Баракова

За мене Ист Гејт претставува најголемиот шопинг мол во регионот, дизајниран по највисоките стандарди. Повеќенаменски центар за шопинг, забава, храна и рекреација, со низа активности за сите возрасти и вкусови. Се што сакате, ќе добиете овде. За мене Ист Гејт е едно големо искуство што ќе ми помогне понатаму во мојата професија, и сум многу среќна што сум дел од овој проект.

ЈАС СУМ дел од тимот на вкупно 5 архитекти – тенант координатори. Мојата функција како Архитект – Тенант координатор е да ја координирам работата при дизајнот и изведбата на продавниците на Закупците, односно менаџирање на потребите на закупците, координација, проверки на техничка документација, инспекции на материјали, теренски контроли и.т.н. Моментално водам 37 продавници.

Мојата професија е архитект со завршени магистерски студии  на Архитектонскиот факултет во Скопје на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Моето досегашно искуство во најголем дел е сконцентрирано во градежништвото. Имам 3,5 годишно искуство како инженер во изведба, и дел во проектирање. Првенствено имам работено на високоградба но исто така и на нискоградба. Прв пат учествувам во изградба на ваков грандиозен јавен објект. Да се работи на објект како што е Ист Гејт Мол е најголема чест за еден инженер.

Среќна сум што сум дел од врвен тим на професионалци, луѓе кои воодушевуваат со знаење и искуство и од кои имам можност да учам и да се надоградувам.

Моето утро започнува со шолја зелен чај проверка на електронската пошта. Делам канцеларија со нашиот Тeam Leader, а тоа секако е огромна предност. Комуницирам со повеќе од 50 луѓе дневно. Посебно овој период станува се подинамично бидејќи закупците ги превземаат локалите и комуникацијата со луѓето вклучени во процесот се одвива интензивно.

За мене Ист Гејт претставува најголемиот шопинг мол во регионот, дизајниран по највисоките стандарди. Повеќенаменски центар за шопинг, забава, храна и рекреација, со низа активности за сите возрасти и вкусови. Се што сакате, ќе добиете овде. За мене Ист Гејт е едно големо искуство што ќе ми помогне понатаму во мојата професија, и сум многу среќна што сум дел од овој проект.

Ист Гејт и Скопје? Ист Гејт е новиот ЦЕНТАР на Скопје.

Mоја инспирација се професионалците со кои имам привилегија да работам.

Моето мото е биди посилен од своите изговори, направи работите да се случуваат и изненади ги сите околу себе.

Ништо не е тешко кога се работи со љубов.

Mоето хоби се патувањата. Слободното време секогаш го користам да посетам некоја нова дестинација. Голема желба ми е да го посетам Мексико, се надевам дека по пандемијата ќе ја имам таа можност.

Јавете ни се:

+389 (2) 5514 283